СЗО: Нов црн рекорд на заразени со COVID-19 во 24 часа

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека забележан е нов рекорден број на заразени во еден ден – повеќе од 230.000 ширум светот за 24 часа.

На врвот на листата е Америка каде се регистрирани над 142.000 нови случаи на COVID-19. Следи Југоисточна Азија (33.173), Европа (18.804), Африка (17.884), источен Медитеран (15.361) и Западен Пацифик (2.156).

Најмногу заразени во еден ден се регистрираи во САД- здравствените власти пријавија 66.000 нови заразени во 24 часа.

Претходниот црн рекорд беше срушен во петокот, кога во светот беа забележани над 228.000 нови случаи на COVID-19.

Во целиот свет, од почетокот на глобалната пандемија (11 март) до денеска се регистрирани над 13.041.695 потврдени случаи на коронавирус.

Според страницата Worldometers од COVID-19 досега починале 571.660 луѓе, додека 7.578.093 се излекувале.

САД бележат и највисок број на смртни случаи во пандемијата -137.733.

На второ место по бројот на заразени и мртви е Бразил со повеќе од 1,8 милиони случаи и 72.100 смртни случаи.

Следува Индија со 879.466 заразени, Русија 727.116 заразени и Перу со 326.326 заразени.

Повеќе од 300.000 заразени лица уште имаат Чиле, Шпанија и Мексико, а на деветтото место е Велика Британија со 289.603 заразени лица. Јужна Африка е на 10-то место во светот по бројот на заразени со коронавирусот, со 276.224 случаи.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Свет

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Read more

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Read more

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Read more

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе