Свет

СЗО: Охрабрува падот на бројот на новозаразени со корона вирусот во Кина

20. февруари 2020 - 19:25 | МИА

Охрабрувачки е континуираниот пад на бројот на нови случаи за заболени од корона вирусот во Кина, соопшти денеска Светската здравствена организација, но прерано е да се знае дали овој тренд ќе продолжи.

– Нѐ охрабрува овој тренд, но не е време за самозадоволство, изјави генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус на брифинг во Женева, пренесоа британските медиуми.

Тој, исто така, забележа дека бројот на случаи на корона вирусот во остатокот од светот е многу низок во споредба со Кина, но, додаде дека тоа можеби и нема долго да остане така.

Коментирај