СЗО: Октомври и ноември ќе бидат тешки за Европа

Светската здравствена организација (СЗО) очекува зголемување на бројот на смртни случаи од COVID-19 во Европа во текот на октомври и ноември, период, кој според нејзините предвидувања ќе биде „потежок“ што се однесува до епидемијата, изјави денеска директорот на европскиот огранок на организацијата.

– Работите ќе станат потешки. Ќе видиме поголема стапка на смртност во октомври и ноември, изјави Ханс Клуге.

Се очекува зголемување на бројот на смртни случаи на дневна основа поради зголемувањето на бројот на случаи на инфекција со повторното ширење на епидемијата во Европа, наведе СЗО.

– Сега сме во момент кога земјите не сакаат да слушаат ваква лоша вест, јас го разбирам тоа, рече шефот на европскиот огранок на СЗО, кој посочи дека сака да испрати „позитивна порака“ дека пандемијата „ќе запре во одреден момент“.

Европскиот огранок на СЗО денеска и утре одржува состанок со околу 50 земји-членки за размена на мислења за одговорот на пандемијата и за усогласување на петгодишната стратегија.

Високиот функционер во организацијата, чие седиште е во Копенхаген, ги предупреди оние кои сметаат дека крајот на епидемијата ќе се совпадне со развојот на вакцината, која сè уште се развива.

– Постојано слушам дека вакцината ќе означи крај на епидемијата. Секако дека не, рече Клуге.

– Ние дури и не знаеме дали вакцината ќе биде ефикасна во сите делови од населението. Некои знаци што ги добиваме се дека ќе биде ефикасна за некои, но не и за други. И ако треба да нарачаме различни вакцини одеднаш, каков логистички кошмар, предупреди Клуге.

Тој рече дека крајот на пандемијата ќе биде во моментот кога, како заедница, ќе научиме да живееме со таа пандемија.

– И тоа зависи од нас. Тоа е многу позитивна порака, рече Клуге.

Бројот на новозаразени во Европа значително се зголеми во последните неколку недели, особено во Шпанија и Франција. Во петокот, за само еден ден, се регистрирани повеќе од 51.000 нови случаи во 55 земји опфатени со европскиот огранок на СЗО, што е повеќе од врвот забележан во април, според податоците на таа организација.

Во исто време, бројот на смртни случаи во текот на еден ден во моментов е на ниво од почетокот на јуни, околу 400 до 500 смртни случаи поврзани со COVID-19.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе