СЗО: Омикрон е регистриран во 38 земји, засега нема смртни случаи

Новата варијанта на коронавирус – омикрон - е идентификувана во 38 земји ширум светот, но досега не се пријавени смртни случаи, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

– Немам никакви информации за смртни случаи поврзани со омикрон, рече портпаролот на СЗО Кристијан Линдмаер.

Шефица на техничкиот тим во одделот за итни случаи на СЗО Марија Ван Керхове информира дека сојот омикрон е регистриран во 38 земји.

СЗО соопшти дека потребни се неколку недели за да се добие попрецизна слика за потенцијалното влијание на омикрон, за да се одреди степенот на заразност, јачината на вакцините, како функционираат тестовите и третманите.

– Прелиминарните податоци се чини дека укажуваат на поголема зараза, а тоа е главно сè што знаеме досега, рече Линдмаер.

Директорот на СЗО за итни ситуации Мајкл Рајан рече дека организацијата ќе ги добие одговорите што му се потребни на светот.

– Сега треба да имаме доверба во науката, да бидеме трпеливи и да не се плашиме. И засега не е неопходно да се менуваат вакцините што ги користиме, рече Рајан и апелираше до луѓето да се вакцинираат.

Сепак, тој додаде дека сега се прави многу за да се види како тие вакцини би можеле да се променат доколку треба да се променат.

Новата варијанта на вирусот, која СЗО ја опиша како „загрижувачка“, првпат беше пријавена во Јужна Африка на 24 ноември.

Иако првите инфекции надвор од Јужна Африка беа главно поврзани со луѓе кои патуваа во регионот, во САД и Австралија се појавија првите случаи на локално пренесување.

СЗО процени дека е „голема“ веројатноста омикрон да се прошири на глобално ниво, иако остануваат многу непознати факти.

Портпаролот на СЗО потсети дека денес најголем број случаи на COVID-19 се предизвикани од варијантата делта.

– Рестрикциите воведени во многу земји пред само две недели беа воведени поради зголемениот број случаи поврзани со делта варијантата, не треба да го заборавиме тоа, рече портпаролот на СЗО.

Тагови
реклама

Ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас порасна во убавица

Read more

Младите Уругвајци го освоија Светското првенство, Италија не шутна на гол

Read more

Тошковски најави награди за вработените во полиција ако помогнат во надминување на кризата со издавање на лични документи

Read more
Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе