СЗО: Омикрон создава високи ризици за здравјето

Нивото на ризик поврзано со варијантата омикрон останува многу високо, соопшти СЗО, откако бројот на нови случаи на COVID-19 достигна нов рекорд минатата недела.

– Пријавени се повеќе од 21 милион нови случаи, што е најголем број неделни случаи пријавени од почетокот на пандемијата, соопшти Светската здравствена организација во своето неделно епидемиолошко ажурирање за коронавирусот.

Здравствената агенција на ОН соопшти дека бројот на нови случаи се зголемил за 5% во седмицата до неделата, во споредба со 20% зголемување во претходната недела.

– Глобално, има побавен пораст на бројот на заболени, соопшти СЗО.

Организацијата информира дека се регистрирани скоро 50.000 нови смртни случаи, слично како и претходната недела. Во извештајот се вели дека омикрон продолжува да доминира.

– Тековната глобална епидемиологија на SARS-CoV-2 се карактеризира со доминација на варијантата омикрон ширум светот, континуиран пад на преваленцијата на варијантата делта и многу ниско ниво на дистрибуција на алфа, бета и гама соевите, соопшти СЗО.

Во земјите каде што имаше брз пораст на случаите на омикрон во ноември и декември 2021 година, се забележува мало намалување на случаите. Сепак, „врз основа на моментално достапните докази, севкупниот здравствен ризик поврзан со варијантата омикорн останува многу висок, нагласи СЗО.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Свет

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Read more

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Read more

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Read more

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе