СЗО: Потрагата по потеклото на пандемијата ќе трае со години

Член на тимот од Светската здравствена организација (СЗО) што спроведува истрага во Вухан, кинески град каде е откриен коронавирусот, вели дека е изненаден од комплексноста на задачата да се открие потеклото на вирусот и посочи дека истражувањето ќе трае со години.

Доминик Дваер, микробиолог и експерт за заразни болести, рече дека кинеските власти одобриле пристап за истражувачката група во Вухан, со цел да ги испитаат почетоците на пандемијата на коронавирус, првпат откриена во тој кинески град.

– Сите знаат дека пандемијата избувна од пазарот Хуанан во Вухан, но клучно е да се открие што се случувало тогаш и претходно, рече Дваер.

Потеклото на коронавирусот стана високо исполитизирано прашање по меѓународните критики кон Кина за недостиг на транспарентност во раните денови на епидемијата. Пекинг ја застапува теоријата дека вирусот потекнува од друго место.

Дваер, австралиски експерт за ХИВ, кој соработуваше со СЗО за време на епидемијата на САРС и птичји грип, рече дека главната загатка на COVID-19 е тоа што првите асимптоматски пациенти не знаеле дека носат вирус.

– Наивно е да мислиме дека ќе го пронајдеме нулта заразениот, рече Дваер. Раните случаи беа забележани во ноември 2019 година, но најважно е што се случи кусо време пред тоа, рече Австралиецот.

Дваер се согласува со Питер Дазак, зоолог и експерт за болести на животни, исто така член на тимот, кој нагласува дека ќе биде многу тешко да се разбере потеклото на коронавирусот.

– Дури и со САРС и ебола, имаме неколку добри идеи, но никој не е сигурен, изјави Дазак.

Истражителите посетиле болници, истражувачки центри и пазар на морска храна каде што беше пријавен првиот случај, но нивните контакти во Вухан се ограничени на посети организирани од кинеските домаќини.

Дваер рече дека тимот завршил со обиколка на локациите и се подготвува да ги презентира првите заклучоци што е можно поскоро, пред 28-дневната виза за членовите на истражувачкиот тим да истече на крајот на следната недела.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Свет

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Read more

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Read more

Гулабарник или ЕУ?

Read more

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Read more
 

Вести

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе