СЗО препорача да се носи маска, но потребно е да биде трислојна за да ве штити од COVID-19

Светската здравствена организација (СЗО) на вчерашната редовна прес-конференција препорача да се носат маски како еден од начините за заштита од COVID-19.

СЗО, која одржува прес-конференции трипати неделно за да известува за новостите и измените во поглед на состојбата со пандемијата, препораките и протоколите за заштита од коронавирусот, ја даде препораката за носење маска откако неколку светски лидери јавно коментираа на темата дали и кога треба да се носат маските.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус, рече дека сака да зборуваат за тоа кој сѐ треба да носи маска, од какви материјали треба да биде направена и кога треба да се носи како заштита од коронавирусот.

Remote video URL

„Сакам јасно да ставам до знаење дека препораките кои ги објавуваме денеска се ажурирање на она што го кажуваме со месеци: маските треба да се користат како дел од сеопфатна стратегија во борбата против COVID-19“, рече тој.

„Земајќи ги предвид најновите докази, СЗО им препорачува владите да ги охрабрат граѓаните да носат маски онаму каде што има широка распространетост на заразата и каде што е тешко да се одржува препорачана физичка дистанца, како на пример во јавен превоз, во продавници и во други затворени простории каде има голем број луѓе“, рече тој.

Врз основа на две научни истражувања, СЗО ги советува луѓето да носат маски што се состојат од најмалку три слоја различни материјали/ткаенини, кога се одлучуваат за немедицински текстилни маски.

Remote video URL

СЗО предупредува дека само носењето маска не е доволно за заштита од зараза, ако не се почитуваат и другите мерки. Оттаму нагласуваат дека луѓето со симптоми на коронавирусот треба да останат во изолација и да побараат лекарска помош.

По соопштувањето на препораката од СЗО, преку социјалните мрежи се огласи и македонскиот министер за здравство, Венко Филипче, кој нагласи дека оваа мерка веќе ја имплементираме кај нас, покрај физичкото растојание и честото миење на раце.

„Задоволен сум што носиме вистински одлуки за заштита на здравјето на нашите граѓани. Апелирам да продолжиме да ги почитуваме мерките и заеднички да придонесеме кон спречување на ширење на овој вирус“, истакна Филипче.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе