СЗО: Се очекува втор посмртоносен бран на коронавирус инфекции оваа зима

Европските земји мора да се подготват за смртоносен втор бран на коронавирус инфекции затоа што пандемијата не е завршена, рече во интервју за The Daily Telegraph, д-р Ханс Клуге, директор на Светската здравствена организација во Европа. Клуге ги предупреди земјите што почнуваат да ги олеснуваат своите ограничувања, дека сега е „време да се подготват, а не да слават“.

Претставникот на СЗО истакна дека тоа што бројот на случаи на COVID-19 во земји како Обединетото Кралство, Франција и Италија почнува да се намалува, не значи дека пандемијата завршува. Епицентарот на европската појава сега е на исток, при што бројот на случаи се зголемува во Русија, Украина, Белорусија и Казахстан, предупреди тој.

– Државите треба да го искористат ова време мудро и да почнат да ги зајакнуваат системите за јавно здравје, како и да градат капацитети во болници, одделенија за итни случаи и интензивна нега. Сингапур и Јапонија сфатија рано дека ова не е време за славење, туку време за подготовка. Скандинавските земји го прават истото - тие не исклучуваат втор бран, но се надеваат дека тој ќе биде локализиран и тие ќе можат брзо да го надминат, изјави тој.

Клуге предупреди дека вториот бран може да се совпадне со појава на други заразни болести.

– Јас сум многу загрижен за можноста за двоен бран - наесен може да имаме втор бран на COVID-19 и друг сезонски грип или сипаници. Пред две години имавме 500.000 деца кои немале своја прва вакцина против сипаници, додаде Клуге.

– На почетокот на овој месец, на шпанското население му беше дозволено спортување надвор за првпат во седум недели, а рестораните во некои делови на Германија повторно се отворија. Во Франција, на луѓето повеќе нема да им требаат дозволи за патувања за да објаснат зошто си заминале од дома. Но, во отсуство на ефикасно лекување на вирусот или вакцина, според Клуге, секоја блокада мора да биде придружена со строги мерки.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Свет

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Read more

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Read more

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Read more

Гулабарник или ЕУ?

Read more
 

Вести

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе