СЗО: Сѐ уште не сме го достигнале пикот на пандемијата

Светската здравствена организација (СЗО) за време на викендот регистрирала околу 400.000 нови случаи на COVID-19 во светот, што според неа, покажува дека новата пандемија на коронавирус не покажува никакви знаци на слабеење.

-Епидемијата забрзува. Ние сѐ уште не сме го достигнале пикот на пандемијата, изјави денеска генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на онлајн прес-конференција во Женева.

СЗО, исто така, соопшти дека ги признава „новите докази“ за пренесување на коронавирусот преку воздух.

Меѓународна група од 239 научници вчера ги повика властите, вклучувајќи ја и Светската здравствена организација, да признаат дека коронавирусот може да се шири и низ воздухот на растојанија од повеќе од два метра и соодветно да ги преиспита нивните упатства за превенција.

Во коментарот објавен во списанието „Клинички инфективни болести“, експертите напишаа дека студиите покажале дека „надвор од секакво сомневање“ е дека вирусите можат да патуваат десетици метри во воздухот, а анализите на некои настани покажале дека истото важело и за вирусот Sars-Cov-2 кој ја предизвикува болеста COVID-19.

Нивните препораки вклучуваат поголема вентилација во затворен простор, воведување на високо ефикасни филтри за воздух и ултравиолетови ламби, како и избегнување на пренатрупаност во зградите и јавниот превоз.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе