СЗО: Во моментов нема конечно решение за коронавирусот, а можеби нема ни да има

Светската здравствена организација (СЗО) денеска предупреди дека можеби никогаш нема да има сигурен лек за коронавирусот, иако сите се надеваат на спасоносна вакцина против вирусот со кој се заразија десетици милиони луѓе.

– Во моментов немаме конечно решение за вирусот, и можеби никогаш нема ни да има, предупреди генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Тедрос и директорот на СЗО за итни програми Мајк Рајан ги повикаа сите нации строго да ги спроведат здравствените мерки како што се носење маски, физичко растојание, миење на рацете и тестирање.

На брифингот во Женева, Тедрос рече дека пораката до луѓето и владите е јасна: „Направете сè“.

„Маските треба да станат симбол на солидарноста ширум светот“, додаде шефот на СЗО.

Рајан рече дека земјите со висок степен на трансмисија, меѓу кои се и Бразил и Индија, треба да водат голема битка.

– Излезот е долгорочна и постојана посветеност, истакна тој.

Претставниците на СЗО изјавија дека тимот за истражување на СЗО, кој бил испратен во Кина од каде потекнува вирусот, сè уште не се вратил.

Тедрос исто така ги повика мајките да продолжат со доењето на своите деца и ако имаат COVID-19, затоа што придобивките значително го надминуваат ризикот од зараза.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more
 

Вести

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе