СЗО: За еден ден рекордни 262.929 новозаболени од COVID-19 во светот

Светска здравствена организација (СЗО) синоќа соопшти дека во изминатите 24 часа потврдени се рекордни 262.929 случаи на новиот коронавирус.

Бројот на смртни случаи се зголеми за 5.851 со што вкупно 680.894 луѓе починале од последици од COVID-19, а бројот на заразени лица се искачи на 17.660.523.

Статистиката на СЗО е заснована на официјално потврдени податоци од земјите.

Најголем број на инфицирани лица – 9.476.763 регистрирани се во Јужна и во Северна Америка. За еден ден бројот на заразени лица се зголемил за 156.433, а бројот на починати порасна за 3.963, со што вкупниот број на смртни случаи се искачи на 359.180.

Во Европа потврдени се 3.375.535 случаи на COVID-19 и 213.284 смртни случаи. Во изминатите 24 часа бројот на новозаболени се зголеми за 17.419 луѓе, а бројот на смртни случаи за 323.

Во Југоисточна Азија за еден ден потврдени се 58.971 случаи и 937 лица починале од последици од новиот коронавирус. Вкупниот број на заразени лица во тој регион се искачи на 2.131.165 , а од почетокот на пандемијата починале 45.837 луѓе.

По бројот на заразени лица на прво место се САД со 4.523.888 потврдени случаи, следат Бразил со 2.662.485 случаи и Индија со 1.750.723 заразени луѓе.

На четврто место е Русија со 850.870 заболени, на петто место Јужноафриканската Република – 503.290 случаи, потоа Мексико – 424.637 и Перу со 407.492 инфицирани лица.

Меѓу првите десет земји во светот по бројот на заразени лица се и Чиле со 357.658 случаи, Иран со 306.752 заболени и Велика Британија со 303.956 заразени со новиот коронавирус.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Свет

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more

Сè за Германија? Мало морген!

Read more

Маж фрли бомба врз Сатанскиот храм во САД

Read more
 

Вести

Доживотен затвор за маж што на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Читај повеќе

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Читај повеќе

Сè за Германија? Мало морген!

Читај повеќе

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Читај повеќе

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Читај повеќе

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Читај повеќе