Та неа: Атина се пазари со Берлин за решение на името

Атина, 14 април 2018 (МИА) - Ако се реши прашањето за името, тогаш антикризната мерка - кратење на пензиите, ќе се одложи за шест месеци подоцна, ова според грчкиот весник „Та неа“ е ветувањето од Берлин до Атина, во разговорите меѓу Германија и Грција за затворање на долгогодишниот спор, но и што грчката страна би добила од тоа.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, весникот повикувајќи се на европски извори, пишува дека веќе изгласаната мерка за кратење на пензиите што треба да стапи во сила од 1 јануари 2019, би се одложила за шест месеци подоцна, како германски „подарок“ до Грција, доколку се постигне договор за името. Нешто што би му одело во прилог на Ципрас и на неговите изборни планови.

- Веродостојни европски извори, пренесувајќи ги за „Та неа“ разговорите што во позадина се водат меѓу Атина и Берлин, ги претставуваат Германците дека му ветиле на Алексис Ципрас размена со силна политичка корист за него и за СИРИЗА, во случај да постигне договор за името на Скопје со неговиот колега Зоран Заев. Станува збор за префрлање за шест месеци подоцна на мерката за кратење на пензиите, пишува весникот и додава дека со тоа владата би можела да земе даде длабок здив и ќе му го отвори патот на Ципрас кон распишување избори во мај 2019.

Текстот во „Та неа“, наиде на бура реакции во Грција, како од опозицијата која ја обвини владата за тајни преговори така и од владата која побара сериозност од Нова демократија.  

- Владата треба да им ја каже вистината на Грците: преговара тајно решение на скопското прашање за да добие во замена шестмесечно одложување на кратење на пензиите, што е обврска која самата влада ја презеде со нејзината политика.  Да или не? Грците треба да знаат, вели портпаролката на Нова демократија, Марија Спираки.

Од грчкото МНР за грчката новинска агенција АНА-МПА побарале сериозност од портпаролката на опозициската партија, додека пак од кабинетот на Ципрас велат дека се недостојни за коментирање секојдневните „бедни написи во медиумите“.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе