Таа е 10 пати попопуларна, тој 100 пати поплатен: Љубовната двојка во Јуве

Фудбалската љубовна приказна на Алиша Леман и Доуглас Луис (*види најдолу зошто не е Даглас!) долго време е тема на британските медиуми. Заедно играа во Астон Вила, а летово во пакет се преселија во Јувентус.

Убавата швајцарска репрезентативка ужива во љубовта со бразилскиот фудбалер, но во нивниот дом разговорот за заработката продолжува. Таа е 10 пати попопуларна од него (17 милиони следбеници на Instagram и 10 милиони на Tik-Tok), но тој заработува 100 пати повеќе од неа (8,5 милиони евра).

„Сите би сакале да имаат иста плата. Често разговарам со Доуглас дома за тоа и му велам дека не е фер. Ја работиме истата работа, а ти си 100 пати поплатен од мене“, истакна Алиша за La Gazzetta dello Sport.

А убавата Швајцарка, која има 55 настапи и 9 гола за својата репрезентација, не сака ни шеги за женскиот фудбал.

„Кога некој ќе се пошегува за фудбалот што го играат жени, јас секогаш прашувам 'дали некогаш си видел некој од нашите натпревари?. Веројатно не, бидејќи кога гледаш натпревар сфаќаш колку сме добри и страсни'. Не знам зошто луѓето во 2024 година размислуваат како да живеат во планина“.

Алиша е свесна за својата убавина и изглед. Фотографиите во секси пози на календарот на Астон Вила за 2023 година дури доведоа до привремено раскинување со Луис, но парот набрзо се смири и ја продолжи својата кариера во Италија. Леман истакнува дека популарноста не влијаела на нејзиниот начин на живот.

„Јас не живеам како ѕвезда, туку како сите други. Ја работам мојата работа, одам дома, готвам, чистам... Кога ќе ме видат на социјалните мрежи мислат дека живеам поинаков живот, но тоа не е така. Мило ми е кога ќе ме препознаат на улица и ќе ме поздрават“, истакна Леман.

Доуглас Луис Суарис џи Паулу е една година постар од Алиша, а за репрезентацијата на Бразил има 18 натпревари. Не беше на Мундијалот 2022, но беше во составот за Копа Америка 2024, како и на онаа во 2021. кога Бразил загуби во финалето. Освои злато со Бразил на ЛОИ 2020 во Токио.

Името Douglas во Бразил не се изговара како англиското Даглас, туку едноставно Доуглас, како што потврдува и самиот фудбалер.

Remote video URL
реклама

Кумот на AI: Ни се заканува колапс на банките и електричната енергија уште годинава

Read more

Зетот на Трамп има визија: Крои нова карта на Европа

Read more

Лекот за мрзливи црева се става во утринското кафе, а ќе ве чини 50 денари месечно

Read more

Како телото ви праќа знаци дека имате покачен холестерол?

Read more

Фудбал

Аргентинците се радуваат: Меси во јануари се враќа на Монументал

Read more

Голема победа на фудбалерите до 17 години: Синот на Стевица Ристиќ ја тресна Унгарија

Read more

Лигата одлучи: На Ливерпул му бил ускратен пенал против Арсенал

Read more

Аријан Адеми: Леко е идеален тренер, со него Динамо ќе стане шампион

Read more

Спорт

Аргентинците се радуваат: Меси во јануари се враќа на Монументал

Читај повеќе

Дејмон Хил има решение за проблемите во Ферари: Хамилтон мора да биде возач број еден

Читај повеќе

Голема победа на фудбалерите до 17 години: Синот на Стевица Ристиќ ја тресна Унгарија

Читај повеќе
  • play_arrow

Лигата одлучи: На Ливерпул му бил ускратен пенал против Арсенал

Читај повеќе

Аријан Адеми: Леко е идеален тренер, со него Динамо ќе стане шампион

Читај повеќе
  • play_arrow

Ванда Нара го пријави Икарди во полиција дека ја удрил едната ќерка

Читај повеќе
  • play_arrow

Времеплов: Кога Финикс постигна 173 поени против Денвер без ниту една тројка

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас има редок бисер: Купер Флег го направи она што само Кевин Дурент го можеше

Читај повеќе
  • play_arrow

Диоманде стана незаменлив: 7 натпревари и исто толку победи за Реал Мадрид

Читај повеќе