Регион

Тачи: Косово до крајот на годинава ќе има своја војска, тоа никој нема да го спречи

23. септември 2017 - 13:54 | Макфакс

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека Косово до крајот на годината ќе има своја војска и оти никој нема да може тоа да го блокира.

„Со планот А или со планот Б, Косово до крајот на оваа година ќе има своја војска. Сега работиме со сите институции за тоа прашање. Ние ќе ги исполниме сите обврски кои ги презедовме пред меѓународната заедница за овој процес да се заврши преку уставни измени“, рече Тачи во интервју за РТВ21, дадено за време на неговиот престој во Њујорк.

Тој додаде дека „нема да дозволат никој да стави вето на овој процес“. „Сите прашања ќе бидат спроведени во соработка со меѓународните организации“, додаде Тачи.

Коментирај