Таен рецепт за победа на Евровизија: Дали секогаш победува најтажната песна?

Оваа натпреварување можеби има репутација на весела манифестација, но тајната на победничките песни никако не е во разиграноста на мелодиите.

Експерти од „BBC“ направија анализа на звучните бранови на сите натпреварувачки песни од 2006 година со цел да одговорат на прашањето: Дали постои  таен рецепт за победа на Евровизија?

Добиен е можеби и неочекуван резултат – меланхолијата и тоа како се продава: Дури во осум од последните 12 натпреварувања победничките песни биле потажни во однос на претходната година.

Минатогодишниот победник, Салвадор Собрал, според овие анализи, ја изведе најтажната победничка песна.

 

 

Песните на Евровизија секоја година стануваат се повеќе меланхолични, а овогодинешните натпреварувачи имаат за 30 отсто потажни нумери отколку оние во 2006 година.

Ако сепак верувате дека Евровизијата треба да биде исполнета само со весели тонови, надеж се уште постои.

Некои победници сепак успеваа тоа да го постигнат и со среќни звуци, како на пример Лена со песната „Satellite“ во 2010  година или победниците Лорди од 2006 година со песната „Hard rock hallelujah“.

 

 

Каде се веселите песни?

Тажните песни очигледно на Евровизија најмногу доаѓаат од централна и источна Европа, но работата станува многу повесела кога гледате далеку на исток и  во Скандинавија.

Азербејџан, Словенија и Словачка се натпреваруваа со најтажните песни.

Додека песните на Андора се највесели од сите – но од 2006 година оваа земја забележа само четири настапи на Евровизија.

Турција и Украина исто така важат за весели натпреварувачи, но Турција нема учествувано во ова натпреварување од 2012 година.

Кој тоналитет доминира во песните на Евровизија?

Најчест тоналитет на песните во Евровизиите е Ц дур. 30 од 456 анализирани песни биле во тој тоналитет.

Сепак за победничка песна можеби е најдобро да одберете Д мол – „најтажниот од сите тоналитети“.

Тројца од последните 12 победници се одлучија за тој тоналитет: „Молитва“ (2007), Fairstyle (2009) и „Rise like a phoenix“ (2014).

Исто така, промената на тоналитетот не е толку ефективна тактика за победа како што може да изгледа.

 

 

Што е со темпото?

Кога станува збор за овој критериум, победниците користат се: Од „Молитва“ која има 77 удари по минута до „Running Scared“ со 172 удари по минута.

Андора во просек има најбрзo темпо од 177 удари по минута.

Можеби не постои прецизен бит кој ќе ви обезбеди слава на Евровизија, но се чини дека сепак постои темпо со кое дефинитивно не можете да постигнете значаен успех.

Четири песни во последната деценија кои имале брзина од 128 удари по минута, на крај завршувале или последни или претпоследни.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Музика

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Read more

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more
 

Сцена

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Читај повеќе

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе