УЕФА воведе правило за пет измени на Европското првенство
Репрезентациите на Европското фудбалско првенство, што ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули, ќе можат да извршат по пет измени во текот на секој натпревар, соопшти денеска Европската фудбалска асоцијација (УЕФА).