Еурофарм Пелистер ќе учествува во премиерното издание на младинската Лига на шампиони
Според моделот на младинската Лига на шампиони на УЕФА, и Европската ракометна федерација (ЕХФ) ќе воведе натпреварување за тимови до 18 години. Натпреварувањето ЕХФ го нарече EHF Youth Club Competition.
Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски
Вардар 1961 го победи Еурофарм Пелистер со 24:20 (12:11) во 8. коло од Супер лигата. Со овој триумф „Црвено-црните“ останаа во шампионската трка на табелата и сега имаат два бода помалку од најголемиот ривал.
Македонскиот ракометен претставник Еурофарм Пелистер со нов убедлив триумф (26:36) над Татран обезбеди пласман на завршниот Ф4 турнир во регионалната СЕХА лига.
РФМ парично ги казни Вардар и Пелистер, црвено-црните два натпревара ќе играат без публика
Дисциплинската комисија при Ракометната федерација на Македонија (РФМ), ги казни Вардар и Еурофарм Пелистер за инцидентите што ги предизвикаа навивачите на неодамнешното дерби.
Александар Јовиќ е нов тренер на Еурофарм Пелистер
Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер вечерва соопшти дека за нов тренер на клубот е избран Александар Јовиќ, додека за нов стручен тим-менаџер е назначен Звонко Шундовски.
Српскиот репрезентативец Стевановиќ нов ракометар на Еурофарм Пелистер
Македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер ги засили своите редови за продолжението на сезоната во домашното првенство и настапите на меѓународната сцена ангажирајќи го денеска репрезентативецот на Србија, Дарко Стевановиќ.
Еурофарм Пелистер победник на 50. Струшки ракометен турнир
Екипата на Еурофарм Пелистер го освои 13. трофеј на Струшкиот ракометен турнир, израмнувајќи се со Вардар со ист број на титули, откако синоќа го совлада тимот на Цеље.
Лесјак и Дејвис промовирани во нови ракометари на Еурофарм Пелистер
Македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер денеска ги претстави словенечкиот голман Урбан Лесјак и португалскиот среден бек Вилсон Дејвис за свои нови засилувања.