3 февруари 1966, Русите први спуштиле летало на Месечината
Советското летало без екипаж Луна-9 успешно се спуштило на Месечината со што станало првото летало кое успеало без проблем да слета на Земјиниот сателит.
5 јануари 1968, почнала Прашката пролет во Чехословачка
Истиот ден кога словачкиот реформист Александер Дубчек бил избран за прв секретар на Комунистичката партија на Чехословачка почнале и масовните протести за поголеми човекови права кои станале познати како Прашка пролет.
Со потпис на петорица делегати на денешен ден во Москва се официјализирало преименувањето на Русија во Сојуз на Советски Социјалистички Републики, држава која до 1991 ќе биде позната едноставно како СССР.
3 ноември 1957, Спутник-2 го однел кучето Лајка во вселената
Советското летало Спутник-2 на денешен ден во 1957 година станало првото вселенско биолошко летало откако заминало во вселената со патник, кучето наречено Лајка.
17 септември 1939, Советскиот Сојуз извршил инвазија на Полска
Откако потпишале пакт за ненапаѓање со хитлерова Германија која на 1 септември влегла во Полска, Советите на денешен ден го направиле истото окупирајќи го источниот дел.
21 август 1968, СССР извршил инвазија на Чехословачка
Ноќта на 21 август 1968 година армијата на СССР, потпомогната од силите на членките на Варшавскиот пакт, извршила инвазија над Чехословачка со цел да ја задуши Прашката пролет.
Борејќи се против јапонската окупација, силите на СССР и САД влегле во Кореја правејќи поделба која до ден денес остава длабока трага на Корејскиот Полуостров.
25 јули 1984, Светлана Савицкаја станала првата жена која прошетала во вселената
На денешен ден, 25 јули, во 1984 година, советската космонаутка Светлана Савицкаја станала првата жена која излегла и прошетала надвор од леталото во вселената.
17 јули 1975, во орбитата се споиле Союз 19 и Apollo 18
Милиони луѓе низ целиот свет на телевизија го гледале моментот кога за прв пат во орбитата на Земјата се споиле две вселенски мисии, и тоа советска и американска.
На денешен ден над 3 милиони германски војници навлегле на територијата на СССР од три страни, отпочнувајќи ја најголемата и најмоќната воена инвазија во историјата.