Кој збор ја одбележа 2021 според речникот Merriam-Webster?
Познатиот онлајн речник Merriam-Webster го прогласи зборот „вакцина“ за збор на годината бидејќи од лек против пандемијата на COVID-19 стана „политички аргумент и извор на поделба“ во општеството.
Поимот „vax“ и изведенката „vaxxed“ (на македонски: „вакцина“ и „вакциниран /-а, -о, /-и“) се избрани за поим на годината, според лексикографите на Оксфордскиот речник на англискиот јазик (ОЕД), пренесе BBC.
Collins Dictionary го прогласи „локдаун“ за збор на годината, објаснувајќи дека овој збор претставува заедничко искуство за неколку милијарди луѓе во 2020 година, пренесе BBC.