Тајланд: Тренерот кој ги однесе децата во пештерата напиша писмо до нивните родители

Дваесет и петгодишниот фудбалски тренер од Тајланд кој ги одведе 12-те деца на од неговиот клуб на истражување на пештерата, за многумина е главниот виновник за оваа несреќа. Но многумина застанаа и во негова одбрана, оправдувајќи ја неговата улога како авторитетна личност помеѓу децата.

Последните 15 дена овој тренер ги помина заглавен во пештерата заедно со децата од клубот, охрабрувајќи ги дека ќе дојде помош и давајќи им надеж за да продолжат да се борат.

„Со 25 години, тој и самиот е дете. Но очигледно е голема инспирација за децата чиј морал изгледа дека не падна и покрај работите низ кои поминаа. Голема почит за овој тренер“, напиша еден Twitter корисник.

На Twitter неколкумина кои го познаваат ја раскажаа приказната за тренерот Екапол Чантавонг. Како дете, тој го изгубил семејството. По долги години навлегување во тајните на монашкиот живот, тој решил да го посвети остатокот од неговиот живот на подучување на децата и одбрал тоа да го направи преку фудбалот.

Неговата тетка Ампорн Сривичаи исто така застана во негова одбрана, тврдејќи дека тој е добра личност и дека никогаш не би ги довел животите на децата во опасност намерно. Таа рече дека Екапол останал сирак на само 10 години и разбира како е кога некој поминува низ тежок период од животот.

Како знак на неговото извинување, но и загриженост, тој испрати и писмо до родителите на децата. Таму напиша дека му е жал за ситуацијата која е пред нив и вети дека ќе се грижи за нивните деца.

„Драги родители. Сите деца се добро. Тука се наоѓаат луѓе кои навистина се грижат за вашите деца. Ветувам дека ќе се грижам за децата најдобро што можам. Родители, навистина ми е жал“, напиша тој.

Родителите не сакаа да останат без одговор, па му изразија целосна поддршка на Екапол.

„Драг тренеру Еке. Ние, родителите на членовите на клубот веруваме во тебе и во твојот дух, веруваме дека добро ќе се грижиш за децата. Само сакаме да знаеш дека ти не си виновен. Не те обвинуваме и само сакаме и ти самиот да не се обвинуваш. Ја разбираме ситуацијата низ која поминувате и те поддржуваме. Ја цениме твојата поддршка и грижа за нашите деца. Чекаме вест дека сите сте добро и сте излегле од пештерата, што побрзо – тоа подобро“, пишуваше во писмото испратено од родителите.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе

Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња, димна бомба на гласачко место во Скопје

Читај повеќе

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Читај повеќе

На 12,78 отсто се искачи одзивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Читај повеќе

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Читај повеќе