Свет

Тајландските воздушни сили ја „бомбардираа“ земјата со 900.000 семиња

21. август 2019 - 14:00 | Б.С.Б.

Решението на тајландските воздушни сили за пошумување не е само брзо и едноставно, туку и многу ефективно.

Резултатите од ова „бомбардирање“ со семиња ќе бидат видливи кон крајот на 2019 година, а ако овој план успее Тајланд ќе ја „бомбардира“ земјата на секои пет години.

Оваа техника е развиена и усовршена со текот на времето, а стратегијата на авионот може да достигне засадување на скоро 900.000 дрвја во еден ден. Станува збор за локални семиња завиткани во микс од земја, компост и глина, поради полесно зартување.

Пошумувањето е многу важно бидејќи доколку планетата остане без шума на крајот може да дојде до истребување на човечкиот вид. Недостатокот на шуми создава и проблеми како ерозија, поплави, климатски промени и слични проблеми.

Во светот многу држави се обидуваат да ги поправат ваквите проблеми, особено кога станува збор за човечки фактор. Со години наназад се уништени многу шуми, а сега луѓето се обидуваат да ги повратат.

Коментирај