Тајмлапс: Ефектите од климатските промени од 1984 година до денес
Google Earth во тајмлапс видео прикажува како се менувала нашата планета од 1984 година, а истовремено и нуди увид колкаво е влијанието на човекот врз климатските промени.
Најголемите промени во историјата се забележани во последните неколку децении. Од видеото може да се види како се менуваат шумите, природата, повлекувањето на глечерите, промените во Амазонската прашума и слично.