Во текот на вчерашниот ден разорен земјотрес со јачина од 8,1 степен го потресе Нов Зеланд, по што е издадено предупредување за цунами и на копно и во море.
Според соопштението на Националната агенција за управување со катастрофи по земјотресот од 7,1 степен на Северниот Остров и земјотресот од 7,4 степени во близина на островите Кермадек, се случи и трет земјотрес со јачина од 8,1 степен.
Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри.
На Twitter е објавено тајмлапс видео во кое е објавена сеизмичката активност на Нов Зеланд во изминатите дена.
Видеото прикажува 13 часа активности во 13 секунди.