НА ДЕНЕШЕН ДЕН ЛАЈКА ЛЕТНА ВО ВСЕЛЕНАТА

Тајна чувана со години: Колку долго траеше животот на Лајка во вселената?

Кога бирале кое куче да го испратат во вселената, морало да биде женка и да биде фотогенична.

Уличното куче Лајка влезе во историјата како првото живо суштество кое ја напушти Земјината атмосфера на пат без враќање.

На 3 ноември 1957 година, СССР лансираше сателит со Лајка во него за да ја тестира безбедноста за идните човечки мисии.

„Девет кругови околу Земјата ја направија Лајка првиот светски астронаут кој беше жртвуван за да ги направи успешни следните вселенски мисии“, рече рускиот биолог Алилија Котовска, која е горда на својата работа како тренер на Лајка.

Пред Лајка, имаше неколку обиди со други кучиња кои летаа неколку минути само за да ги натераат научниците да откријат како се снаоѓаат во состојба без гравитација. Сепак, Лајка беше првото куче што беше испратено во вселената.

За да можеле кучињата да се прилагодат на капсулата за притисок долга само 80 сантиметри, Котовскаја ги тренирала така што на секои неколку дена ги преместувала во помали и помали кафези. Кучето би го поминало тестот и под центрифуга, која ја стимулира моќноста при лансирање сателити, но и бучавата.

Од сите други кандидати, Лајка, тригодишна мешка од улиците на Москва, најдобро ги положила тестовите.

„Избравме женки затоа што не мора да ги креваат нозете при мокрење и на тој начин зафаќаат помалку простор. Избравме скитници затоа што се поснаодливи и не бараат премногу“, вели Котовскаја, додавајќи дека кучињата исто така морале да бидат фотогенични.

Тие исто така добиле и звучни имиња, за пропагандни цели. Името Лајка доаѓа од рускиот збор што значи „лаење“. Котовскаја вели дека Лајка имала исклучителен карактер, приспособливост и интелигентно-љубопитен поглед и додава дека вечерта пред мисијата сите членови на тимот дошле да се простат од Лајка.

„Знаевме дека ќе умре во текот на летот, тогаш немаше начин да ја вратам. Отидов да ја посетам, ја замолив да ни прости и плачев последниот пат кога ја галев“, вели Котовскаја. Еден ден подоцна Лајка тргнала на патувањето без враќање.

Сателитот „Спутник“ беше лансиран во 5:30 часот по московско време од Казахстан, а на почетокот се чинеше дека сѐ се одвива според планот.

„Во текот на летот, срцето на Лајка многу се забрза и се врати во нормала дури по три часа. А потоа одеднаш за време на деветтата орбита околу Земјата, температурата во капсулата почна нагло да скока и достигна 40 степени Целзиусови, поради недоволната изолација од сонцето“.

Иако постоеше надеж дека Лајка ќе остане жива најмалку 10 дена, таа почина поради топлотен удар и дехидрација само неколку часа по лансирањето.

И покрај тоа, Советското радио продолжи да известува за „доброто здравје“ на Лајка, која стана планетарна хероина.

Според официјалната верзија до која Москва се држеше долго време, Лајка починала од отровот што го ставиле во храната за да не изгори кога капсулата повторно ќе влезе во атмосферата.

„Спутник“ се распадна во атмосферата на 14 април 1958 година, над Антилите. Лајка тогаш веќе беше мртва со месеци.

Вселенското патување на Белка и Стрелка, првите кучиња што се вратија од вселената на 19 август 1960 година, го отвори патот на Јуриј Гагарин, кој стана првиот човек во вселената на 12 април 1961 година.

реклама

Низ  Европа се креваат брани во очекување на рекордни врнежи и невидени поплави

Read more

Во очекување на циклонот Борис: Европа се подготвува за најголемите поплави во последните децении

Read more

3 цвеќиња со кои ќе ја разубавите градината и во есен

Read more

Трите најнегативни хороскопски знаци во Зодијакот

Read more

Чек дис аут

Kако се станува чистач на местото на злосторството?

Read more

Зошто стјуардесите ги поздравуваат патниците на влезот во авионот?

Read more

Како комарците бираат кого ќе „искасапат“?

Read more

Курти (не)решава математика

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Кардиохирург открива кој треба, а кој не треба редовно да пие аспирин

Читај повеќе

Ран симптом на рак кој најчесто не се забележува навреме, според онколозите

Читај повеќе

Денеска е петок 13-ти – теории и суеверија

Читај повеќе

Трите најнегативни хороскопски знаци во Зодијакот

Читај повеќе

Експертите ја наведоа главната причина зошто сè повеќе жени се одлучуваат за развод

Читај повеќе

За совршена паста престанете да ги правите основните грешки

Читај повеќе

Намирници кои го поттикнуваат лачењето на хормоните за спиење и обезбедуваат добар и здрав сон

Читај повеќе

Есен со Прима мебел

Читај повеќе

Како да имате подобар секс кога со партнерот ве „палат“ различни работи?

Читај повеќе