Доколку не сте задоволни од вкусот на лебот што сте го подготвиле, пробајте го овој рецепт и ќе бидете воодушевени.
Тајната на неговиот идеален вкус е во една состојка - сода бикарбона. Значи, ќе ви требаат: 1 лажичка сода бикарбона, 500 грама брашно, лажичка сол, 350 милилитри млеко и две лажици сок од лимон.
Подготовка
Загрејте ја рерната на 200 Целзиусови степени. Измешајте ги млекото и сокот од лимон и оставете да отстои околу пет минути.
Измешајте ги брашното, солта и сода бикарбоната и постепено додајте ја смесата од млекото и сокот од лимон. Целта е да се направи леплива топка од тесто.
Замесете мазно тесто. Доколку е потребно, можете да додадете уште брашно. Ставете го во сад за печење и печете го околу половина час, т.е. додека не добие златно-кафеава боја.