Живот

Тајната за успешен брак: Среќна жена, среќен живот

21. август 2019 - 12:23 | Б.С.Б.

Досегашните истражувања покажуваат дека на квалитетот на бракот многу влијае колку е среќна жената бидејќи ако таа се чувствува несреќно тоа може да биде многу деструктивно за брачниот однос.

Значи, постои едноставно правило кое вели „Среќна сопруга, среќен живот“. Ако сакате вашиот брак да биде успешен и среќен, мора да бидат задоволени потребите на жената. Покрај тоа, истражувањата покажале дека колку жената е позадоволна со брачната заедница толку посреќен ќе биде и нејзиниот партнер. Жените кога се среќни ќе направат сè за сопругот.

Bright Side анализираше 394 парови кои во просек биле 39 години во брак. Тоа што е интересно е дека задоволството од брачниот живот го оцениле со оцена 5 од 6. Мажите биле позадоволни од бракот, што во суштина значи дека среќната сопруга го прави нејзиниот сопруг уште посреќен.

Истражувањето покажало дека жената станува понесреќна кога нејзиниот сопруг ќе се разболи, но нивото на среќа кај мажите не се менува кога нивните жени ќе се разболат. Објаснувањето е едноставно, жената секогаш се грижи за мажот кога е болен, додека жените кои се болни секогаш се потпираат на ќерките. Затоа жените се постојано под стрес.

Експертите советуваат двајцата партнери да покажуваат грижа и љубов за да живеат среќно заедно.

Коментирај