Здравје

Tajните на луѓето кои ретко се разболуваат

18. август 2017 - 10:54 | Макфакс

1. Имаат добри нивоа на витамин Д и витамин Б

Недостатокот на витамин Д може да доведе до колапс на имунолошкиот систем. Овој витамин е клучен за функциите на многу ткива. Всушност, научниците откриле дека тој регулира речиси 3.000 гени. Истражувањата докажуваат дека тој помага за намалување на ризикот од рак, кардиоваскуларни болести, дијабетес, Алцхајмерова болест, хипертензија и депресија. Витаминот Б помага во производството на бели крвни зрнца и антитела кои го зајакнуваат имунолошкиот систем.

2. Вежбаат редовно

Луѓето  кои вежбаат се помалку склони кон инфекции на горните дишни патишта. Всушност, вежбите ја подобруваат циркулацијата на имунолошките клетки во крвта.

Физичката активност помага да се неутрализираат патогените во целиот организам. Истражувањата открија дека спортот го намалува ризикот од десетина болести, вклучувајќи рак, срцеви заболувања, мозочен удар, дијабетес тип 2, депресија и деменција.

3. Имаат оптимизирани нивоа на лептин и инсулин

Консумирањето  на житна и слатка храна помага за покачувањето на нивото на инсулин во крвта, што пак нè тера да се разболуваме побрзо и често, и доведува до предвремено стареење. Хормонот лептин се произведува од масните клетки и е поврзан со процесот на стареење. Ако сакате да живеете поздраво и подолго, намалете со тестенините и слатките јадења и не го качувајте вишокот килограми.

4. Се хранат со повеќе свежа храна

Многу луѓе не се свесни дека околу 90% од нашата храна е обработена. Не е изненадување дека хемиските промени во храната можат да предизвикаат разни болести. Затоа хранете се паметно и пробајте да консумирате повеќе свежо овошје и зеленчук, органски одгледани меса и млечни биопродукти.

5. Со стресот се справуваат поефикасно

Стресот е сериозна хронична болест која игра главна улога за нашето заедничко здравје. Истражувањата покажаа дека стресот штети на срцето и имунолошкиот систем. Тој исто така ги зголемува шансите за бактериски инфекции. Овие луѓе наоѓаат начини да се ослободат од напнатоста преку спорт, медитација, практикување на некакво хоби и др.

6. Имаат балансиран pH

Човечкото тело е здраво кога има рамнотежа меѓу алкалната и киселата средина во организмот. Ниските нивоа на pH (премногу кисела средина) можат да предизвикаат ацидоза, дезориентација, отежнато дишење, стомачни проблеми и замор. За да не биде закиселен организмот треба да се одржува рамнотежа и преку консумирање на соодветна храна.

7. Се опкружуваат со повеќе пријатели

Социјално изолираните луѓе како целина имаат повеќе здравствени проблеми. Истражувањата покажуваат дека луѓето опкружени со повеќе пријатели и блиски, живеат здраво и среќно.

Коментирај