Вжештена беше атмосферата на мерењето пред борбата на Мајк Тајсон со YouTube ѕвездата Џејк Пол, а откако Ајрон Мајк му удри шлаканица на својот ривал, се појавија снимки кои откриваат зошто го направил тоа.
Тајсон и Пол се најдоа лице в лице кога 58-годишникот му удри шлаканица на 31 година помладиот jутјубер затоа што му упаднал на личниот простор и, како што тврди Ајрон Мајк, го згазнал.
Дека Тајсон беше во право, покажа и видео кое се појави на социјалните мрежи, на кое јасно се гледа дека Пол намерно му стапнал на нога на Мајк, по што поранешниот светски шампион бурно реагирал и му удрил шлаканица.
Jake Paul really got slapped because he stepped on Mike Tyson’s foot 💀pic.twitter.com/fBT1rti405
— Happy Punch (@HappyPunch) November 15, 2024
Следеа вербални закани, а разбеснетиот Пол го покажа својот гнев кон толпата извикувајќи „Тајсон мора да умре“.
Да потсетиме, борбата во Арлингтон, Тексас ноќта петок кон сабота ќе биде емитувана на Netflix.