Тајван регистрира истрелување наведувани проектили од кинеска страна

МИА / КАЈГАНА
/ 04.08.2022 / 11:04

Тајванското Министерство за одбрана потврди дека Кинеската Народноослободителна армија (ПЛА) денеска истрелала „неколку наведувани проектили од класата Tongfeng“ во водите североисточно и југозападно од островот, јави DPA.

Портпаролот на министерството кратко изјави дека вооружените сили на Тајван ги следеле истрелите во реално време, откако биле откриени во 13:56 часот (5:56 GMT) и веднаш ги активирале соодветните одбранбени системи.

Министерството ја осуди „оваа ирационална акција што го поткопува регионалниот мир“, додава германската агенција.

Потврдата од Министерството за одбрана се чинеше дека е една од првите индикации дека Кина всушност ги почнала воени вежби со боева муниција од воздух и море, како што претходно беше објавено од Источната борбена команда на ПЛА за „заеднички вежби за обука“ во шест области околу Тајван.

URL

Кинеската Народноослободителна армија соопшти дека спроведе успешна вежба за гаѓање со боева муниција во близина на Тајван.

Во соопштението објавено на платформата WeChat, се прецизира дека бил извршен далечински директен напад кон целните области во источниот дел на Тајванскиот теснец.

URL

ПЛА нагласува дека „се постигнати очекуваните резултати“.

Претходно кинески дронови навлегоа во тајванскиот воздушен простор, на што Тајван одговори со проектили кон нив.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more
 

Вести

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе