Таксират меѓу најдобрите фестивали во Европа

Таксират е избран меѓу 10-те најдобри фестивали во Европа, како финалист во категоријата Најдобар фестивал во затворен простор (Best Indoor festival), на најценетото признание во светот на музичките фестивали, Европските фестивалски награди, информираат од Пасворд продакшн.

Фото: Филип Здравески (Кајгана)

– Отвореното гласање за 12-тото издание на ЕФА (European Festival Awards) заврши со извонредна поддршка од светската публика, каде со повеќе од 40.000 гласови од јавноста и гласот на стручното жири од музички експерти, избрани се финалистите во главните категории, меѓу нив и македонскиот фестивал Таксират и тоа во најдобрите 10 во силната конкуренција од неверојатни 350 фестивали од 35 земји во Европа, појаснуваат оттаму.

Како што се додава во соопштението, победниците од секоја категорија ќе бидат објавени на свеченото церемонијално доделување на Европските фестивалски награди на 18 јануари во холандскиот град Гронинген.

– Со ова признание Таксират прв пат се закити во 2016 година, а годинава пристигнува на адресата на нашиот најголем алтернативен музички фестивал, како уште една причина за славенички да ги започне подготовките за своето следно, 25-то јубилејно издание, а по годинашното најпосетено издание, што заврши неодамна со главната вечер на 7 декември. Имено, годинава повеќе од 27.000 посетители беа дел од импресивната програма со повеќе од 50 концерти, меѓу кои „Дед кен Денс“, Ману Чао, Андре Риу, Бен Клок, „Ај-Ем-ДиДи-Би“, „Хладно Пиво“, „Буч Кесиди“, „Содом“, „Ла Пегатина“ и многу други во рамки на главната вечер, ПИН и Лузер фест на Таксират 2022, се наведува во соопштението.

Од Пасворд продакшн посочуваат дека Европските фестивалски награди, од своето оформување во 2009 година, се посветени на нивната цел да ги препознаат и прослават колективните успеси на фестивалските организации во музичката индустрија на стариот континент.

– Низ 16 категории, наградите го доделуваат најзначајното меѓународно признание за музичките фестивали и нивните истакнати индивидуи, како за квалитетот, така и за поместување на границите во поглед на професионалноста и посветеноста кон безбедност, општествена свесност, еколошка одржливост и иновативност при организирање на музички фестивали, се додава во соопштението.

Тагови
реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Шест причини зошто леблебијата е една од најздравите намирници

Read more

МК сцена

Најубавите цитати од Тоше Проески за љубовта и животот

Read more

„Као какао“ на Леб и сол по 35 години повторно на винил

Read more

Трпчески: Најголемата награда е кога ќе ја видите среќата на публиката

Read more

Таксират меѓу најдобрите фестивали во Европа

Read more
 

Сцена

The Simpsons враќаат озлогласен лик од првата сезона

Читај повеќе
  • play_arrow

Први снимки од снимањето на 6. сезона на The Crown

Читај повеќе
  • play_arrow

КАЈГАНА ПРЕПОРАКА: Зошто треба да ја гледате серијата You на Netflix?

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјален трејлер за The Night Agent

Читај повеќе
  • play_arrow

Орландо Блум се распеа среде паб за Свети Патрик

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв трејлер за BEEF, новата серија на Netflix

Читај повеќе
  • play_arrow

10 моменти во Friends во кои се пронаоѓаме и денес

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Disney „рециклираат“ анимации?

Читај повеќе