Талент на Ајакс се разбуди по 13-месечна кома

Амстердам, 21 август 2018 (МИА) - Големиот талент на холандски Ајакс Абделхак Нури се разбуди по 13-месечна кома и веќе може да комуницира со своите блиски.

Вундеркиндот во школата на Ајакс падна во кома по добиен срцев удар за време пријателски натпревар против Вердер Бремен минатото лето. Тој беше однесен во болница каде што остана неколку месеци. Во моментов Нури се наоѓа во медицински центар каде неговото семејство може да го посетува секојдневно и да помага во неговата рехабилитација.

Нури сѐ уште не може да го движи телото и има потреба од помош, за да седнува и станува од својата инвалидска количка.

„Во моментов состојбата му е подобра во споредба со пред неколку месеци. Психички е многу здрав. Тој ја движи само главата, но понекогаш прави напори да се премести од креветот на количката. Веќе може да се комуницира со него“, соопшти неговиот брат Абдерахим.

Во почетокот докторите сметаа дека Нури никогаш повеќе нема да гледа, да зборува, да се движи или да јаде. Сега, сепак, тие веруваат дека момчето може целосно да закрепне.

Дваесет и едно-годишниот играч пристигна во академијата на Ајакс во 2016 година и почна да игра во вториот тим на гигантот од Амстердам. На крајот на сезоната 2016/2017 тој беше номиниран за најдобар играч на клубот.

Исто така, тој имаше 9 учества за првиот тим на Ајакс, како и три дуели по патот на тимот кон финалето во Лига Европа.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе