Талибанците имаат голем проект: Новиот Кабул треба да биде дом за 3 милиони жители

Министерството за урбан развој и домување на Авганистан зборуваше за напредокот на работите поврзани со изградбата на Нов Кабул, град кој треба да се наоѓа североисточно од главниот град на Авганистан.

Портпаролот на министерството Камал Авган изјави за TOLOnews дека проценетите трошоци за изградба на првата фаза од овој проект се 6,5 милијарди долари.

Засега интерес за изградба и соработка со талибанците на ова поле покажаа инвеститори од Катар, Иран, Обединетите Арапски Емирати и Турција.

„Фала му на Бога, се работи во вториот дел од првата фаза. Практично имаме напреднато 25% во работите и ги врши приватна компанија. Надлежните од Министерството ја следат работата за да се погрижат задачите да се извршуваат според планот“, се вели во соопштението.

Министерството за урбан развој и домување го опиша проектот Нов Кабул како еден од најголемите проекти во земјата и изјави дека неговата реализација е приоритет на Исламскиот Eмират.

Проектот Нов Кабул треба да се простира на површина од 740 квадратни километри и да има капацитет за 3 милиони луѓе, кои треба да се населат до 2040 година.

Засега на изградбата во првата фаза од проектот работат 600 работници.

„Активно се работи на патишта и водоводи во три правци. Секојдневно се ангажирани преку 600 работници со тешка и лесна механизација“, изјави Сајед Амин, раководител на компанијата која работи на оваа фаза од проектот.

Планот на проектот е направен за време на претседателството на Хамид Карзаи во соработка со јапонска компанија и ги опфаќа областите Дех Сабз, Калакан, Шакардара, Карабаг, Исталиф и дел од областа Баграм.

Remote video URL
реклама

Архитектура

Каде исчезна Гинисовиот лустер од хотелoт Југославија во Белград?

Read more

Toyota гради футуристички град во Јапонија, првите жители ќе пристигнат наесен

Read more

Претседателката Сиљановска ја врачи Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело

Read more

Кина го гради најголемиот аеродром во светот

Read more
 

Магазин

Бела жена во САД роди црно дете: При вештачко оплодување била направена замена на примероците

Читај повеќе

Ослободете се од мувлата и непријатните мириси од машината за перење

Читај повеќе

Мистериозната танчувачка епидемија на Стразбур од XVI век

Читај повеќе

Три брачни совети кои треба да ги избегнувате во кризни ситуации

Читај повеќе

Болката и промените во стапалата можен знак за недостаток на важни хранливи материи

Читај повеќе
  • play_arrow

Американска храна што е забранета во други земји

Читај повеќе

Свински медалјони со печурки во зеленчуков сос

Читај повеќе

Алкохолот предизвикува најмалку седум видови рак

Читај повеќе

За кои сексуални проблеми луѓето најретко бараат помош?

Читај повеќе