Талибанците јавно егзекутираа човек за прв пат откако се вратија на власт

Талибанците денеска, за прв пат откако се вратија на власт во Авганистан, извршија јавна егзекуција, егзекутирајќи човек осуден на смрт за убиство.

Јавната егзекуција беше извршена во Фарах, на западот на земјата, откако пред неколку недели врховниот лидер на талибанците, Мула Хаибатула Ахунџада нареди најстрога примена на исламскиот закон.

„На Врховниот суд му е наредено да ја спроведе пресудата ‘око за око, заб за заб’ на јавно место за собирање во Фарах“, рече портпаролот на талибанците Забихула Муџахид.

Осуденикот Таџмит, син на Гулам Сарвар, беше осуден за убиство на маж и кражба на мотоцикл и мобилен телефон, се вели во соопштението за печатот. Се наведува и дека сторителот на делото бил идентификуван од неговото семејство и дека потоа го признал делото.

По враќањето на власт, талибанците ветија дека ќе бидат поблаги во примената на шеријатскиот закон, но набрзо се вратија на ригидно и ригорозно толкување на верскиот закон, како за време на нивното прво владеење од 1996 до 2001 година. Тие јавно казнуваат силување, киднапирање или прељуба, најчесто со ампутација на орган или каменување.

Тагови
реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе