Тамара: Отидовме, видовме, победивме – се чувствуваме како победници

Отидовме, видовме, победивме. Ова е резултат на тимска работа, многу љубов и посветеност, рече Тамара Тодевска пред нејзините фанови кои дојдоа да ја пречекаат на Скопскиот аеродром по успешниот настап и освоеното осмо место на евровизиското финале во Тел Авив.

– Извинете што ме чекавте долго, не беше до нас тоа што доцневме. Ова се што го гледавте и што го доживеавме сите заедно е резултат на тимска работа, на многу љубов и посветеност. Напорно работевме три месеци и последниот ден во финалето сфативме дека се вредеше, изјави Тамара.

Таа се заблагодари за пречекот и за поддршката од тимот што ја придружуваше.

-Направивме добар резултат, иако искрено очекувавме повеќе, но добро поминавме. Се надевам дека сте горди. Многу сум среќна што се обединивме овие неколку дена, заедно славевме музика, љубов, нешто што ретко се случува. Многу сум среќна сум што ви го овозможив тоа и се надевам отворивме пат за следните претставници, да им биде полесно, зашто сега кога ќе се спомне Македонија нема да им биде сеедно, порача Тамара.

За преживеаните моменти од гласањето рече дека буквално 45 минути не дишеле, не биле свесни што се случува.

-Како ни се редеа 12-тките си викавме „што направивме”. Беше неизвесно, искрено ми е многу криво за двата бода со кои го испуштивме првото место од жирито. Никој не доминираше повеќе од нас таму. 45 минути бевме први. Се чувствуваме како победници, истакна Тамара

На Меѓународниот аеродром Скопје, Тамара и нејзиниот тим беа пречекани од членови на нивните семејства, обожаватели и бројни новинарски екипи.

Тамара Тодевска со освоеното осмо место го забалежа најдобриот пласман на земјава откако учествува на Евровизија од 1998 година. Претходно, најуспешен настап имаше Елена Ристеска со „Нинанајна“ во 2006 година кога беше 12-та. Последниот, пак, македонски претставник во финале беше Калиопи со песната „Црно и бело“ пред седум години на 57. Евровизија, што се одржа во Баку, Азербејџан.

Тамара синоќа на финалната вечер на Евровизија во текот на речиси целото гласање беше на врвот на табелата. По гласањето на стручните жирија заврши на второто место со 237 поени, зад Шведска со 239 бодови, но на крајот по пребројувањето на гласовите од публиката се пласираше на осмото место.

Северна Македонија доби максимални 12 поени од Австрија, Велика Британија, Албанија, Молдавија, Србија и Швајцарија.

На годинашниот избор за песна на Евровисија што се одржа во Тел Авив, Израел, победи холандскиот претставник Данкан Лоренс со песната „Arcade“. Второпласирана е Италија, а третото место го освои претставникот на Русија. Четвртото место го освои Швајцарија, а петтото Норвешка. Во финалето настапија 26 земји, а можеа да гласаат сите учесници односно 41 земја.

Тамара четврти пат учествуваше на Евровизија, но првпат како солист.

Aвтори на песната „Proud“ со која настапи во Тел Авив се Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, а текстот е на Коста Петров и Сања Поповска. Придружни вокали беа Александра Јанева, Антонија Гиговска и Васил Гарванлиев.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Музика

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more

Северина за настапот во Скопје: Ваков концерт не очекував

Read more

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Read more
 

Сцена

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе