Тамара со „Proud“ го освои осмото место на Евровизија

Скопје, 18 мај 2019 (МИА) – Данкан Лоренс од Холандија со песната „Arcade“, победи на овогодинешниот избор за песна на Евровизија, што се одржа во Тел Авив, Израел. Нашата претставничка Тамара Тодевска со песната„Proud“ („Горда“), се пласираше на осмото место, и го освои највисокиот пласман на земјава досега на Евровизија.

Второпласирана е Италија, а третото место го освои претставникот на Русија. Четвртото место го освои Швајцарија, а петтото Норвешка.

Северна Македонија доби 12 поени од Австрија, Велика Британија, Албанија, Молдавија, Србија и Швајцарија, а Тамара во текот на речиси целото гласање беше на врвот на табелата.

Тодевска гласањето на жирито го заврши на второто место со 237 поени, зад Шведска со 239 бодови, а на крајот по гласањето на публиката се пласираше на осмото место.

Ова е најдобар пласман на земјава откако учествува на Евровизија од 1998 година. Претходно, најдобар пласман земјава освои во 2006 кога се пласираше на 12-то место со претставничката Елена Ристеска со „Нинанајна“.

Aвтори на песната „Proud“ се Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, а текстот е на Коста Петров и Сања Поповска. Придружни вокали се Александра Јанева, Антонија Гиговска и Васил Гарванлиев.

Во финалето настапија 26 земји, а можеа да гласаат сите учесници односно 41 земја.

Прва настапи Малта, а последна Шпанија.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Музика

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Read more

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more
 

Сцена

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Читај повеќе

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе