НХЛ 2019/20

Тампа Беј е шампион на НХЛ, Македонецот Стамкос го подигна пехарот

Ф.З.
/ 29.09.2020 / 14:43

Во шестиот натпревар од Стенли куп финалето тимот на Тампа Беј Лајтнинг со 2:0 го совлада Далас Старс и ја освои својата втора титула во историјата.

За Тампа повторно на мразот не беше македонскиот Канаѓанец Стивен Стамкос кој мака мачи со повреда, но успеа да настапи барем на еден натпревар во финалната серија.

Во 13. минута од првата третина Брејден Поинт погоди за водство искористувајќи ја предноста од играч повеќе по исклучувањето на Швеѓанецот Јон Клињбериј.

На 2:0 зголеми Блејк Колман во 8. минута од втората третина, а до крајот Далас не успеа ниту да се врати во игра и за прв пат во финалната серија не постигна гол.

Remote video URL

Тампа Беј го дoби Стенли куп финалето со 4-2 во партии и ја освои втората титула во својата историја. Формиран во 1992, тимот на Тампа од истоимениот град на Флорида првпат триумфираше во сезоната 2003/04 кога со 4-3 во партии славеше над Калгари Флејмс.

Иако не играше ниту ноќеска, Стамкос како капитен го подигна долго посакуваниот пехар. Тој сезонава одигра 58 натпревари од кои само 1 после прекинот. Постигна 29 голови во регуларниот дел и 1 во финалната серија, а забележа и 37 асистенции или вкупно 66 поени.

Стамкос го прима пехарот

Стамкос е внук на бегалци од Граѓанската војна во Грција, етнички Македонци од селото Арменско. Неговата мајка е Шкотланѓанка.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more
 

Ново

  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Што е најважно за здравјето на црниот дроб, според докторите?

Читај повеќе

Ванковска: Без директно соочување на противкандидатите мислам дека сите ќе бидеме посрамени

Читај повеќе

Уапсен 26-годишник, се обидел да силува 68-годишна жена

Читај повеќе

Роналдо ненадејно ја напушта Саудиска Арабија и се враќа во Европа?

Читај повеќе

Како да препознаете патолошки лажго?

Читај повеќе

Зеленски: Едвај се држиме, без помош ќе изгубиме

Читај повеќе

Милвоки без Адетокунбо за отворање на плејофот

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе