НХЛ 2019/20

Тампа дојде на чекор до титулата во НХЛ

Со „златен“ гол на продолженија Тампа Беј Лајтнинг го совлада Далас Старс со 5:4 во крајно неизвесен натпревар и поведе со 3-1 во партии во Стенли куп финалето.

Прв поведе Далас и тоа со 2:0 со головите на Јон Клињбериј во 8. и Џо Павелски во 19. минута, а веднаш во наредната Тампа намали преку Брејден Поинт триесетина секунди пред да заврши првата третинра.

Истиот играч во 3. минута од втората израмни на 2:2 искористувајќи го моментот на играч предност откако Џејми Олесијак беше исклучен. Сепак, пет минути подоцна Кори Пери погоди за ново водство на „Ѕвездите“ од 3:2. Тампа уште еднаш пред финишот на третината постигна гол, повторно со играч повеќе бидејќи Ендрју Кољани доби две минути ладење. Стрелец беше Јани Гурд.

Во 7. минута од последната третина Александер Килорн погоди за прво водство на Тампа на овој четврти натпревар, но Павелски во 12. минута се погрижи резултатот да гласи 4:4.

Бидејќи до крајот никој не успеа да постигне победнички гол, натпреварот замина во продолженија. Таму во 7. минута Тампа по трет пат денеска искористи исклучување на противнички играч, овој пат тоа беше Џејми Бен, па со голот на Кевин Шатенкирк во точно 6 минути и 34 секунди се огласи сирената за крај.

Remote video URL

Иако финалната серија со победа ја отвори Далас, хокеарите на Тампа со три последователни победи сега водат со 3-1 во партии и се на чекор до пехарот. Наредниот петти натпревар се игра исто така во „Роџерс Плејс“ арената во Едмонтон, Канада, а Тампа ќе ја брка победата со која ќе ја освои титулата, што би била втора во нејзината историја откако прв пат триумфираше во 2004.

Иако на минатиот натпревар на мразот се врати и македонскиот Канаѓанец Стивен Стамкос, кој постигна и гол, на овој натпревар доби одмор и се очекува да биде спремен за вечер во 2 часот по полноќ по македонско време.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе