Танкери со нафта се трупаат во Мексиканскиот Залив поради санкциите за Венецуела

Минатата недела, Вашингтон ги блокираше сите средства и активи на државниот венецуелски гигант за нафта и природен гас PDVSA под негова јурисдикција и им забрани на американските компании да соработуваат со компанијата.

Во петокот, Државната благајна на САД соопшти дека ќе ги олесни рестрикциите ако венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо преземе контрола врз компанијата.

Флота танкери што пренесуваат околу 7 милиони барели венецуелска нафта се заглавени во Мексиканскиот Залив, а дел од нив се смета дека носат нафта нарачана и купена уште пред да бидат воведени санкциите од САД, а други се натоварени со нафта за која купувачите на знаат кому да платат, објави Reuters наведувајќи податоци и извори од трговци, шпедиции и експерти во индустријата.

Пред да бидат воведени санкциите на 28 јануари, рафинериите во САД купуваа во просек по 500.000 барели сирова венецуелска нафта дневно. Сега поради санкциите мора да ги плаќаат преку депозитни сметки под контрола на самопрогласениот привремен претседател Гуаидо. Но, овие сметки уште не се отворени.

Како резултат на ваквата ситуација, повеќе од десетина танкери на компании како Chevron Corp, рафинеријата на PDSVA  - Citgo Petroleum -  и Valero Energy, сега се заглавени во Мексиканскиот Залив и низ водите на Венецуела, чекајќи исплата и инструкции за испорака.

Венецуела ги има најголемите резерви на нафта во светот. Политичката ситуација во земјата се влошуваше веќе некое време, а ескалираше минатиот месец кога опозицискиот лидер Гуаидо се самопрогласи за привремен претседател по телефонски разговор со американскиот потпретседател Мајк Пенс.

САД, Канада и десетина европски земји изразија поддршка за обидот за државен удар, а Русија, Кина, Мексико, Куба, Боливија, Никарагва, Иран и Турција покажаа солидарност со демократски избраниот претседател Николас Мадуро и ги повикаа големите светски сили да не се мешаат во внатрешните работа на Венецуела.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Read more

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе