Танзаниски рудар пронајде скапоцен камен и по вторпат заработи милиони

Рудар во Танзанија, кој во јуни преку ноќ стана милионер откако продаде два скапоцени камења вредни 3,4 милиони долари, сега пронајде уште една скапоценост, вредна 2 милиони долари.

Рударот Саниниу Лаизер третиот скапоцен камен го пронајде во северниот дел на Танзанија. Станува збор за танзанит тежок 6,3 килограми. Лаизер го продал за 2 милиони долари, а истиот ќе биде употребен за правење накит, пренесе BBC.

Танзанитот е меѓу најретките скапоцени камења, го има само во северна Танзанија, а локален геолог прогнозира дека целосно ќе исчезне за помалку од 20 години. Овој скапоцен камен е интересен поради различните бои меѓу кои се зелена, црвена, виолетова и сина. Вредноста се проценува според тоа колку е редок по неговата боја и чистина.

Претходно Лаизер продаде два танзанити, еден тежок 9,2 килограми и уште еден од 5,8 килограми. Овој рудар е татко на повеќе од 30 деца, а од новата заработка планира да направи училиште и болница за неговата заедница во Симанџиро.

Претходно изјави дека парите нема да го променат неговиот животен стил и дека ќе продолжи да се грижи за неговите 2.000 крави.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Чек дис аут

Како да рециклирате пластични шишиња дома?

Read more

Како изгледа животот во државата која официјално не постои?

Read more
Четири типа на пријатели

Четири типа на пријатели кои сите ги имаме

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more
 

Магазин

Како наглата промена на времето ќе ни влијае на здравјето?

Читај повеќе
  • play_arrow

Совршено за велигденскиот пост: Печени компири со грашок

Читај повеќе

Taste Atlas објави листа на најдобрите сирења во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да рециклирате пластични шишиња дома?

Читај повеќе

8 секојдневни намирници што помагаат да се подобри здравјето

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледа животот во државата која официјално не постои?

Читај повеќе

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Читај повеќе

Едноставна промена на животниот стил може да го намали крвниот притисок

Читај повеќе

Зошто често се чувствувате уморни во текот на денот?

Читај повеќе