Филм & ТВ

Тарантино ќе снима трето продолжение на „Kill Bill“

11. декември 2019 - 20:37 | Б.С.Б.

Славниот режисер дефинитивно нема да се пензионира бидејќи најави снимање на трето продолжение на „Kill Bill“.

Режисерот беше гостин во емисијата на Енди Коен и изјави дека ќе го исполни неговиот првобитен план за снимање трето продолжение.

„Токму вчера бев со Ума Турман на вечера, бевме во многу кул јапонски ресторан. Гледав околу себе и барав инспирација, каде се сега тие ликови? Како да го направиме концептот? И што сакаме да прават понатаму?“, раскажа Тарантино.

Во првите два филма Ума толкуваше улога на невеста која се буди од кома и почнува одмаздничка мисија. Филмовите беа прикажани во 2003 година и во 2004 година.

Тарантино изјави дека ќе сними продолжение, но веројатно не пред 2022 година.

„Нема да снимам филм само за да го снимам. Невестата долго и храбро се бореше и заслужува одлична приказна“, изјави Тарантино.

Коментирај