Таравари: АА го поддржува процесот на евроинтеграции, ќе помогнеме со сите сили

Ние сме на пат за Европската Унија и немаме друга алтернатива. Како Алијанса за Албанците апсолутно го поддржуваме овој процес и ќе бидеме тие коишто ќе помогнат со сите сили, нагласи в.д. претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, по лидерската средба во Собранието, поздравувајќи ја иницијативата за состанокот со надеж дека дебатата ќе продолжи и во иднина.

– Ја поздравувам иницијативата од премиерот што ја свика денешната средба, мислам дека ова е добар знак за целиот процес да биде што поинклузивен и потранспарентен. Мислам дека требаше уште порано да има дебата меѓу политичките партии, меѓутоа никогаш не е доцна. Се надевам дека дебатата ќе продолжи, ние сме на пат за Евроспакта Унија и немаме друга алтернатива, истакна Таравари.

Тој нагласи дека смета оти нема друга алтернатива за државата освен ЕУ и поради тоа уставните промени кои што треба да се случат не треба да се гледаат како ризик за државата, туку како можност.

– Како можност за да има повеќе етнички заедници застапени во преамбулата на Уставот на Република Македонија, моментално се размислува за Бугари, Хрвати и за Црногорци, зошто да не и за Торбеши евентуално. Секое општество и секоја држава е побогата ако има повеќе етнички заедници во нејзе, истакна Таравари.

Лидерот на АА посочи дека исто така на средбата било отворено и прашањето за отстранување на процентот за употреба на албанскиот јазик.

– Мислам дека е коректно нашите сограѓани Македонци да покажат пред сѐ почит кон нивните сожители кои сме 30% од вкупната бројка на жители кои што живеат во Македонија и мислам дека е достоинствено да се употребува албански јазик, а не бројки или проценти, рече Таравари.

Тој, одоговарајќи на новинарско прашање околу тоа дали има интерес кај останатите политички партии за трагање на процентите за употреба на албанскиот јазик, потенцираше дека на средбата никој не кажал дека е против.

– Јас мислам дека тоа е апсолвирано, сум го кажал и јавно тоа неколкупати. Албанските партии сите мислат така, меѓутоа и поголемите македонски партии, зборувам за СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, барем јавно имаат кажано дека не им пречи ништо да се тргне 20%, наведе Таравари.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Read more

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more
 

Вести

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе