Таравари: Огласот за вработување 1.100 медицински сестри, лаборанти и болничари ќе биде распишан до Нова година

До крајот на годината ќе биде распишан огласот со кој трајно вработување, место сегашното со договор на дело, ќе добијат приближно 1.100 лица, средномедицински персонал во јавните здравствени установи во земјата, најави министерот за здравство, Арбен Таравари. И со овој оглас недостигот од средномедицински персонал нема да се покрие оти го има секаде во државата, според податоците што министерот Таравари ги добива на неделно ниво од внатрешноста.

„Јас се надевам дека до крајот на оваа година ќе биде објавен конкурс со кој ќе бидат примени на работа речиси 1.000 средномедицински лица. Тука не подразбирам само медицински сестри, туку и болничари, лаборанти, оние што беа со договор на дело. Меѓутоа, повторно е малку, повторно ќе имаме потреба од вработување уште“, рече министерот Таравари.

За него, средномедицинскиот кадар е столб на здравствениот систем, а огласот за вработување, кој треба да се распише, е дел од стратегијата на државата за нивно здржување во земјата заедно со уште неколку мерки преземени изминатата година.

„Триста специјализанти оваа година ќе примиме на работа и триста в година, 1.100 лица средномедицински персонал, имаме колективен договор, покачување на платите… Ова е тоа што може да го направи една влада. Повеќе од ова за шест месеци јас не знам дали ќе можевме да направиме. Ова се наталожени проблеми, од 2017 година. И тогаш се бараше специјализантите да бидат вработени, за приватните зборувам, и тогаш се бараше колективниот договор и сега по седум години, успеваме за шест месеци да ги решиме овие проблеми, кои стојат подолго време во државата“, рече министерот Таравари.

Министерот извести дека од денес на Онкологија за пациентите се достапни двата биолошки лека, кои недостигаа. Објасни дека набавката на лековите задоцнила поради долгите и сложени процедури, кои мора да се следат оти станува збор за меѓународни тендери. Недостиг од двата лека Таравари вели дека имало само неколку дена и затоа смета дека се направил поголем метеж отколку што требало.

реклама

Научно објаснето: Еве како читањето го менува мозокот

Read more
Вработените во „Југохром“ бараат рестартирање на фабриката

Вработените во „Југохром“ бараат рестартирање на фабриката

Read more
Конго: 11 убиени при упад во затвор, 930 затвореници избегале

Конго: 11 убиени при упад во затвор, 930 затвореници избегале

Read more
Компир салата со туна

Компир салата со туна

Read more

Македонија

И Македонија на листата на земји во кои САД ја запираат обработката на имигрантски визи

Read more

Филипче: Нема услови за укинување на техничката влада

Read more

ДУИ за една изборна единица бара со праг од 5%, за укинувањето на техничката влада предложи консултација со ЕУ и САД

Read more

Движењето ЗНАМ е за укинување на Пржинската влада и воведување една изборна единица

Read more
 

Вести

И Македонија на листата на земји во кои САД ја запираат обработката на имигрантски визи

Читај повеќе

Ужасна несреќа во Тајланд: Кран падна врз воз, триесетина загинати

Читај повеќе

САД го запира издавањето визи за 75 земји

Читај повеќе

Филипче: Нема услови за укинување на техничката влада

Читај повеќе

ДУИ за една изборна единица бара со праг од 5%, за укинувањето на техничката влада предложи консултација со ЕУ и САД

Читај повеќе

Движењето ЗНАМ е за укинување на Пржинската влада и воведување една изборна единица

Читај повеќе
  • play_arrow

Иран заплени десетици Starlink антени

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев по лидерската: Изборен законик, Омбудсман, апанажи, патни трошоци, Кочани, Пржинска влада, минимална плата

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: Техничката влада треба да замине во минатото, но ако СДСМ мислат дека е потребна за следните избори, во ред, прифаќаме

Читај повеќе