Таравари: Подготвени сме во пакет да ги решиме и грбот и химната и 20%

Министерот за здравство и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари, е подготвен не само за грбот, туку во пакет да се разговара за менување и на химната и на 20% Албанци, но и за други нерешени етнички прашања. Неговиот став е дека во пакет треба да се решат овие прашања што останале нерешени во последните 30 години за да може да се посветиме на економијата, антикорупцијата и на евроинтеграциите.

„Интересно прашање. Факт е дека Македонија е една од ретките посткомунистички држави, каде што химната и грбот не се сменети. Можеби се една или две држави, освен Македонија. Јас зборувам во име на ВЛЕН, ние сме подготвени да седнеме и да разговараме за сѐ. За жал, во минатиот период повеќе чувствителни теми се ставаа под тепих и некако се сокриваа, не сакавме да се соочиме. Подготвени сме да разговараме за пакет-мерки, кои се останати нерешени во минатите 20, 30 години и така и да ги решиме. Тука да бидат и грбот и химната и 20% и други ако има етнички прашања и да се фокусираме, да се концентрираме веќе на економијата, антикорупцијата, евроинтеграциите, тоа што ни се најбитни теми оти луѓето најмногу ова ги интересира – подобри плати и подобар живот“, рече министерот Таравари по отворањето на новиот педијатриски пункт во Поликлиниката „Бит-пазар“.

Темата за тоа кој симбол треба да стои на новиот грб, Таравари рече дека сѐ уште не ја отвориле и уште еднаш нагласи дека е добро да се отворат сите теми и да се најдат решенија наместо тие да се оставаат за понатаму.

реклама

Македонија

В недела меморијален марш за Благојче Илијевски кој почина од цистична фиброза чекајќи „Трикафта“

Read more

Во добра состојба е првиот пациент кој се врати од лекување во странство по пожарот во Кочани

Read more

Левица бара разрешување на директорот на болницата во Демир Хисар

Read more

Собранието ќе продолжи со работа следната недела

Read more
 

Вести

Американски разузнавачи: Русија развива сателити кои носат нуклеарно оружје

Читај повеќе

В недела меморијален марш за Благојче Илијевски кој почина од цистична фиброза чекајќи „Трикафта“

Читај повеќе

Во добра состојба е првиот пациент кој се врати од лекување во странство по пожарот во Кочани

Читај повеќе

Белата куќа: САД и Русија постигнаа важен договор, се согласи и Украина

Читај повеќе

Прилепскиот театар затворен - објектот е опасен за ансамблот и публиката

Читај повеќе

Истрага против татко и двајца синови: Држеле во заложништво шест млади мигранти

Читај повеќе

Екстремно десничарската АфД за прв пат е најсилна опозиција во Германија

Читај повеќе

Трамп вети дека ќе стави крај на војната во Украина во рок од 24 часа: Што направи оттогаш?

Читај повеќе

Левица бара разрешување на директорот на болницата во Демир Хисар

Читај повеќе