Таравари со нови докази во „Вистината за ДУИ“

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, денеска во рамки на кампањата „Вистината за ДУИ“ обвини за злоупотреби направени од страна на претходното раководство, во областа на образованието во општина Гостивар.

Тој наведе повеќе случаи на наводно нецелосно спроведување на Законот за сметководство и буџетски корисници, што вели дека се потврдува со внатрешните ревизии во јавните училишта во Гостивар. Таравари посочи дека во Основното училиште Лирија во селото Вруток биле платени сметки од вртоглав износ за мобилни телефони, а внатрешната ревизија извршена од поранешниот градоначалник од редовите на ДУИ, покажала нецелосно спроведување на законот за сметководство. Биле пронајдени исплати за договор на дело во износ од 397 илјади денари, за што не постојат извештаи за лицата кои биле ангажирани со работа.

Потоа тој наведе уште еден случај во средното медицинско училиште, каде што било вработено несоодветно лице за предметот информатика, кој имал завршено за бизнис.

„Ова лице било ангажирано 4 часа за ИТ поддршка, 4 часа за екстерно тестирање, 3 часа за фотокопирање и замислете 2 часа за Facebook. Нормално ова лице не може да се држи на работа. Во друг случај, инструкторот за практична работа бил со училиште за биохемија. Додека во ОУ Чајле, за нафта за косилката биле потрошени, замислете, 600 евра“, истакна Таравари.

Градоначалникот на Гостивар, исто така, наведе случаи на непотизам, истакнувајќи го случајот во ОУ Ѓон Бузуку во село Србиново, каде едно семејство го контролирало целото училиште. Поранешниот директор ја вработил како секретарка неговата снаа, а во истото училиште биле вработени неговиот брат и други членови од неговото семејство.

Во врска со реакциите за замена на просветните работници со нови, Таравари рече дека само 20 проценти од вработените во образованието се сменети, за разлика од претходното раководство на општината кое во 2013-та година отстранило 166 работници, вработени со решенија и договори.

„Сега, од вкупно 147 вработени со договор, 117 останале на работа, додека само 30 се заменети со нови. Ова значи дека 80 проценти од вработените останале исти, додека само 20 отсто се заменети, и тоа главно поради тоа што не биле компетентни за предметите што ги предавале“, објасни Таравари.

Во рамки на кампањата „Вистината за ДУИ“, што ја започна Таравари, во континуитет се одржуваат прес-конференции на кои се обелоденуваат наводни злоупотреби извршени од страна на поранешното раководство на Општина Гостивар, а кои ги констатирала внатрешната ревизија.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Македонија

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Read more

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Read more
 

Вести

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе