Таравари тврди дека добил закани по неговиот живот и семејството

Гостивар, 11 јуни 2018 (МИА) - Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари добил закани по живот за него и неговото семејство и тоа го објави синоќа на својот Фејсбук профил.

Заканите, како што напишал Таравари ги упатило лице познато по неговото криминално досие и учествувал во нападот на наставници во гостиварската гимназија.

- Ти не си само мој непријател, ти си непријател на цел Гостивар. Не сакав да ти посветам толку внимание, бидејќи ти си жртва на политичко-мафијашки феномен. Поединци како тебе се големи должници на правдата и време е да си го платите тој долг, стои во објавата на Таравари на неговиот Фесјбук профил.

Таравари вели дека случајот ќе биде пријавен пред органите на правдата и дека ќе бидат известени сите амбасади, институции и меѓународната политичка јавност.

Со осуда на заканата по живот на генералниот секретар на Алијансата за Албанците и градоначалник на општина Гостивар, се огласи и раководството на матичната партија, зад која како што наведуваат, стои политичка партија.

- Овој срамен чин, заканата по живот, ја покажува темната страна на ДУИ и нивните партиски експоненти, кои заштитени од законот, си дават право да дејствуваат како локални шерифи, и да одат толку далеку дури со јавно заканување на градоначалник, избран од страна на легитимните гласови на своите граѓани, стои во соопштението на Алијансата за Албанците.

Од партијата на Таравари бараат полицијата и обвинителството, како и сите други релевантни институции, што е можно поскоро насилниците да се изведат пред лицето на правдата.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Македонија

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Read more

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Read more
 

Вести

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Читај повеќе

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе