„Таргет-Тврдина” продолжува на 11 јуни

Скопје, 19 април 2019 (МИА) – Судењето за незаконското следење на комуникациите „Таргет-Тврдина”  на СЈО продолжува на 11 јуни со вкрстено испрашување на сведокот Звонко Костовски од страна на обвинетиот Сашо Мијалков и со сослушување на следниот сведок Сашо Трајковски.

На денешното вкрстено прашања од одбраната дали првите судски наредби во ипс системот биле на јануари 2015 година, сведокот Костовски рече дека не се сеќава, но доколку имало маркирање тоа било во 2015-та, зошто 2014 година не бил пуштен.

На прашање од обвинетиот Сашо Мијалков, дали без да се одреди корисничка сметка некому можело да се прави маркирање по судски наредби, сведокот Костовски појасни дека како и секоја друга година и 2014-та биле изработен 60 кориснички имиња за репродуценти. На таквиот одговор Мијалков му укажа дека прашува за 2015 година и ипс системот.

– Во фаза на тестирање мора да се направат кориснички сметки и за репродуцирачи и за маркирачите. Кажав дека корисничките сметки за сите корисници во ипс системот ги креирав јас, меѓутоа не беа предадени ниту на Грујевски, ниту на началничката. Не беа доделени и останаа на хартија и затоа велам дека системлт не беше пуштен во функција, истакна сведокот Костовски.

Појасни дека судска наредба за маркирање можеби била внесена и на двата система, со цел да се тестира ипс системот.

– За мене системот не е во употреба додека не се креираат кориснички имиња за сите и затоа велам дека не бил ставен во употреба, рече Костовски.

Прашан од Мијалков дали му е познато дека била формирана Комисија за имплементација на ипс системот потпишана од министер за внатрешни работи и раководена од Небојша Стајковиќ, сведокот Костовски рече дека не му е познато.

На барањето да ја појасни просторијата каде бил серверот, сведокот Костовски рече дека серверите од веринг системот се наоѓале во втората просторија, а на системот за гранична контрола во првата просторија.

– Кажав дека систем салата е 16 метри во ширина и пет до шест метри во должина. Тие се поделени на пола и има преграда на осум метри. Тие осум метри се поделени на пола и имаме две простории по четири метри. И сега од редот што е блиску до ѕидот и бирото до вратата има три до четири метри, изјави сведокот Костовски.

На прашањето дали видел судска наредба за маркирање, сведокот рече да, сосема случајно, но дека не ја читал. Прашан дали е сигурен кога вели дека има корисник дир, сведокот Костовски рече да, со сигурност тврдам зошто сите други беа со иницијали од име и презиме, а не сум чул некој со дир.
Во однос на тоа дали може да обезбеди докази за тоа што го кажува, сведокот Костовски рече дека докази обезбедуваат ЈО и судот.

– А, да не ги уништевте системите можеби и ќе имав, рече Костовски.

Во однос на веринг системот, сведокот Костовски појасни дека од Небојша дознал дека ќе се набавува нов систем и потоа пристапиле кон изработка на техничките барања.

Како топ администратори, рече Костовски, ги имавме сите привилегии, од слушање, маркирање, експротирање и слушање.
 
– Ние ги креиравме по насоки од началникот Горан Грујевски и да, можев да креирам корисничка сметка и за себе, рече Костовски.
 
Прашан дали можел да си креира корисничка сметка без никој да го открие, сведокот рече дека како топ администратор ги има сите привилегии и немал потреба да креира корисник со помали ингеренции.
 
– Доколку јас креирам корисник, тоа ќе биде регистрирано во системот дека топ администраторот креирал корисничка сметка, рече Костовски.
 
Прашан кој се можел да ги види лог фајловите, Костовски рече дека можело и друг со привилегија администратор, односно освен тој и Небојша Стајковиќ, дури и самиот производител на системот.
 
На прашањето зошто не задржал копија од лог фајловите како доказ за пред суд, сведокот рече дека вистинскиот доказ бил во самиот систем, а листа на внесени таргети во ексел табела не е никаков доказ.

Во предметот „Таргет-Тврдина“ на СЈО се обвинети поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, Никола Бошкоски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Македонија

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Read more

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Read more

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Read more
 

Вести

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Читај повеќе

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Читај повеќе