СЕРИЈА А 2021/22

Татарушану: Ги студирав пеналите на Лаутаро

Јунакот на Милан во вчерашното дерби вели дека внимателно проучувал како Лаутаро Мартинес изведува пенали, што се покажа како добро потрошено време.

Поранешниот репрезентативен голман на Романија синоќа беше помеѓу стативите на Дербито дела Мадонина. Тој е всушност резервен голман на Милан, но бидејќи првотимецот Мајк Мењан е повреден, Чиприан Татарушану ги облече ракавиците.

Имаше доста работа бидејќи неговите соиграчи двапати фаулираа во казнетиот простор. Првиот пенал не успеа да го одбрани бидејќи Хакан Чалханолу го надмудри, но затоа го одбрани оној вториот кој го изведе Лаутаро Мартинес.

„Заедно со тренерскиот тим внимателно ги анализирав пеналите на Лаутаро, бидејќи тој е прв пеналџија во тимот. Што се однесува за Чалханолу, него веќе го знам многу добро, но проблемот е што и тој ме знае мене“, вели Татарушану за DAZN.

На трибините можеше да се забележи како неговиот колега Мењан се радува на одбранетиот пенал заедно со останатите повредени соиграчи, како Алесио Ромањоли и суспендираниот Тео Ернандес.

Remote video URL

„Правам сѐ што можам за да продолжам во оваа форма. Мењан се радуваше затоа што знае што значи за еден голман да се одбрани пенал. Ние добро се согласуваме. Откако дојде во Милан се обидов да му помогнам да се приспособи, особено поради тоа што јас зборувам француски“, додава Романецот.

Втора сезона е во Милан, но и лани беше резерва, тогаш на Џиџи Донарума. Со 35 години јасно е дека тоа така и ќе остане, а секоја прилика ќе се обиде максимално да ја искористи.

„Мењан имаше добар старт на сезоната, но потоа се повреди. Секогаш тренирав напорно со цел да бидам подготвен кога клубот ќе има потреба од мене, и еве, моментот дојде“.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Ел Класико се сели во САД

Read more

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more
 

Спорт

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе