Музика

Таткото на Куба Гудинг Џуниор пронајден мртов во автомобил

21. април 2017 - 12:58 | Б.С.Б.

Куба Гудинг Сениор, соул музичар и татко на Куба Гудинг Џуниор, бил пронајден мртов во неговиот автомобил во Лос Анџелес.

72-годишниот пејач бил пронајден вчера, а оживувањето било неуспешно. Куба Гудинг Сениор е познат по хитот „Everybody Plays the Fool“ од 1972 година и хитот од 1974, „Just Don’t Want to Be Lonely.

Се истражуваат причините за смртта. Куба Сениор долго време беше во брак со Ширли и заедно имаат четири деца.

Коментирај