Таткото на Лионел Меси, Хорхе, имаше жестока реакција на социјалните мрежи по гласините за неговиот син. Лео (35) допрва треба да одлучи дали ќе го продолжи договорот со ПСЖ кој истекува на лето, а бројните шпекулации го налутија неговиот татко.

Поточно, таткото на ѕвездата на ПСЖ реагираше на гласините според кои Аргентинецот добил понуда од 600 милиони евра од Ал Хилал, но и веста дека Меси синоќа демонстративно го напуштил тренингот на парижаните, незадоволен од методите на работа на тренерот Кристоф Галтје.
Хорхе Меси ги категоризираше овие гласини како „лаги“ и им порача на своите следбеници да не веруваат во сѐ што се појавува за неговиот син.
„До кога ќе лажете? Каде се доказите? Ах, сето тоа е лажно, ок! Не верувајте во ништо! Нема повеќе да толерираме лаги за да ги зголемиме нивните следбеници“, напиша Хорхе Меси во објавата на Instagram.
Новинарот Адриен Гренје синоќа ја објави информацијата дека Меси го напуштил вторничкиот тренинг на ПСЖ, бидејќи бил незадоволен од вежбата што му ја предложил тренерот Галтје, но информацијата не беше потврдена од ниту еден релевантен извор, додека во исто време, малку посигурни француските медиуми тврдат дека Меси имал проблеми со адукторот и дека поради тоа предвреме го завршил тренингот.
Со оглед на тоа што Меси сѐ уште нема потпишано продолжување на договорот со парискиот тим, се шпекулира за евентуално враќање во Барселона или заминување во МЛС, па дури и во Саудиска Арабија.