Свет

Таткото на напаѓачот од Стразбур: Мојот син ја поддржуваше Исламска држава

16. декември 2018 - 12:53 | Б.С.Б.

Таткото на Шериф Шекат, кој во вторникот изврши напад во близина на божиќен базар во Стразбур, откри дека неговиот син ги поддржувал ставовите на терористичката организација Исламска држава.

Абделкрим Шекат во интервју за француски медиум изјави дека го видел синот три дена пред да го изврши нападот, но дека не бил со него во контакт додека бил во бегство.

Таткото честопати разговарал со синот за неговите ставови за Исламска држава.

„Зборуваше дека ИД се бори за исправни цели“, изјави Шекат, додавајќи дека се обидел да го одврати синот говорејќи му дека не е свесен за злосторствата што ги прави организацијата. На тоа, синот одговарал „дека тоа не се тие“.

Таткото на Шериф доброволно се пријавил во полиција.

„Да ми кажеше дека планира да убие луѓе би го осудил за тоа и тој никогаш немаше да убие, ниту да биде убиен“, вели Абделкрим.

Исто како таткото, и мајката е шокирана од постапките на синот, таа изрази жалење за сè што направил тој. Родителите на Шериф извесно време биле разведни.

По пронаоѓањето и смртта на Шериф полицијата трага по негови помагачи. Набргу по веста за неговата смрт, Исламска држава објави дека тој бил нивни војник. Францускиот министер за внатрешни работи, Кристоф Кастана, ги отфрли овие тврдења.

Коментирај